На тренинг сте и ви е потребна енергија? Протеински намаз со пилешко бело месо е вистинскиот избор за вас!

31 јули, 2021
325563_shutterstock-342778904_ff

Ако тренирате, но и ако тренингот не е ваш избор, туку само здрава исхрана која ќе ви даде доволно енергија со минимално време одвоено за подготовка, тогаш ова е вистинскиот намаз за вас.

Состојки:

Пилешки гради
Моркови
Јајца
Кисели краставички
Лимон
Кромид
Протеинско сирење
Сол
Пиперка
Чили во прав

Подготовка:

Згответе пилешко бело месо, моркови и јајца. Кога овие состојки ќе се сварат, додајте ги во блендер заедно со сите останати. Добро измешајте ги и подготвени се за сервирање.

Време е да го пробате овој намаз со леб.