Најдовме рецепт за МНОГУ ЗДРАВА ужина: Полна со витамини и минерали, ГО НАМАЛУВА АПЕТИТОТ И ЖЕЛБАТА ЗА СЛАТКИ! (РЕЦЕПТ)

19 февруари, 2021
242297_shutterstock-781649368_ls

Ако не знаете што да подготвите за ужинка, имаме одличен предлог

Нутриционистите велат дека закуските се многу важни и дека треба да имаме вкупно две од нив во текот на денот. Тие треба да бидат лесни, но и богати со витамини и хранливи материи кои ќе спречат напади на глад и ќе ни создадат чувство на ситост. Најдоброто решение, во овој случај, е смути.

Брзо се подготвува, ги содржи сите потребни состојки и може да го носите и на работа. Најдовме рецепт за многу вкусно смути што ќе ја задоволи вашата дневна потреба за слатки и ќе ви обезбеди доволна доза на енергија.

Јогуртот и млекото ја задоволуваат дневната потреба за калциум, а спанаќот за витамин Б, додека бананите ќе ни обезбедат доволно количество магнезиум.

Ќе ви требаат следниве состојки:

Половина чаша јогурт (погуст јогурт е подобар избор)

Половина замрзната банана

Една четвртина од авокадо

Половина чаша спанаќ

Половина чаша соја млеко (чоколадо или ванила)

Малку сурови бадеми

Половина чаша вода

Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Доколку сакате, можете да изрендате и црно чоколадо.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum