Најлесната посластица на светот: Манчмелоу колач (РЕЦЕПТ)

17 август, 2021
b371b8d060737d74a0820a2e1fe9979da5861c92

Овој колач може да го направат и деца, а доволно е да набавите бисквити и пудинг.

Состојки:

12 парчиња бисквити по избор

кесичка пудинг од чоколадо

2 чаши ладно млеко

манчмелоу

сладолед од ванила

Подготовка:

Ставете хартија за печење на плех и наредете шест парчиња бисквити на дното. Направете пудинг и намачкајте ги бисквитите, па ставете ги во замрзнувач 20 минути за да зацврсне. Во поголем сад изматете го сладоледот со миксер, потоа измешајте го со манчмелуто, за да добиете еднолична смеса.  

Потоа брзо нанесете го на пудингот и покријте го со преостанатите шест бисквити. Оставете го колачот во замрзнувач два часа за да се зацврсти сладоледот, потоа можете да го сервирате.

Пријатно!