Направете чизкејк со банани и пудинг за помалку од еден час! (РЕЦЕПТ)

23 април, 2021
kolac

Ова вкусно задоволство ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат банани, чизкејк општо и пудинг. Лесно се подготвува и се служи добро разладено во фрижидер

Чизкејкот е идеално задоволство за пролетните и летните денови. Фино освежителниот вкус на сирење и овошје ќе го заслади непцето на сите, и се подготвува за кратко време.

Состојки:

1 и 2/3 шолја мелени интегрални бисквити

1/4 чаша шеќер

1/2 чаша стопен путер

2/3 чаша шеќер

1/3 чаша брашно

прстофат сол

2 чаши млеко

3 изматени жолчки

1 и 1/2 лажички екстракт од ванила

500 грама крем сирење на собна температура

4 исечени банани

 За послужување: шлаг и дополнително исечени банани

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Во голем сад додадете ги бисквитите и 1/4 шолја шеќер и убаво измешајте. Додадете го путерот и повторно добро измешајте, потоа ставете во калап за торта или пита и притиснете. Печете околу седум минути, или додека не добие боја, а потоа изладете добро.

За да направите пудинг од ванила, изматете 2/3 шолја шеќер со брашно и сол во тенџере, а потоа полека додадете го млекото во кое претходно сте изматиле жолчки, така што смесата ќе биде мазна, па варете на тивок оган додека не се згусне. Потоа тргнете го од шпоретот и додадете го екстрактот од ванила. Иматете го крем сирењето добро да биде мазно и кремасто, па додадете го во пудингот и добро измешајте.

Покријте ја претходно испечената подлога со дел од исечените банани, прелијте со дел од пудингот и така сè додека не потрошите сè. Последниот слој треба да биде пудинг. Ќе ви требаат околу 20 минути за да подготвите сѐ.

Тортата потоа треба да се стави да се олади за да биде совршена за јадење. Можете да ја оставите во фрижидер неколку часа, па дури и преку ноќ. Послужете со исечени банани и шлаг.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi