Одлична идеја: Крцкав леб полнет со кашкавал и лук

16 март, 2021
5306055_screenshot-9_ls

Покрај состојките предложени во овој рецепт, можете сами да изберете и да додадете намирници што ги сакате

Совршена комбинација на наједноставните состојки ќе ви овозможи вкусна вечера без многу напор. Топен кашкавал и лук со малку мирис на пиперка го претвораат обичниот леб во совршена закуска. Покрај состојките предложени во овој рецепт, можете да изберете и да додадете намирници што ги сакате. Можеби малку пршута?  

Состојки:

Помала векна леб, погача или друг леб по ваш избор

200 гр рендана гауда

150 гр фета сирење

60 гр путер

2 чешниња лук

Пиперка

Лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Измешајте го путерот со столчениот лук и магдоносот, завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер.

Исечете го лебот по должина неколку пати, длабоко околу пет сантиметри, а потоа по ширината. Не засекувајте до крај за да остане како едно парче.

Измешајте го ренданиот кашкавал и издробената фета со ситно исечканата пиперка. Пополнете ги процепите со листови од разладениот ароматичен путер и подготвениот фил.

Ставете го на плех за печење, покријте го со фолија и печете во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. Одмотајте ја фолијата и печете уште 10 минути.

На здравје!