Омилениот алкохолен пијалок прогласен за најздрав: Ќе бидете воодушевени кога ќе слушнете за што сѐ е добар

19 март, 2021
Screenshot_1

Наводно помага и при слабеење.

Во комбинација со тоник и разни зачини, џин освои многумина и стана омилен алкохолен пијалок, а откако ќе се дознаат овие неколку факти може да стане уште попопуларен. Наводно е добро за здравјето. Се разбира, тоа не значи дека треба да се удавите во него и да започнете да го пиете секој ден, но само дека не треба да имате грижа на совест ако се почастите со чаша за викендот.

Маларија

Се разбира, тоа не е замена за вистински лек против маларија, но може да го намали ризикот од заболување, така што можете да го консумирате во нормални количини ако патувате во земја каде што постои ризик од тоа.

Подуеност и кожа

Борот има диуретично дејство – ги зголемува дигестивните сокови потребни за варење на храната во стомакот, па може да ве ослободи од надуеност и гасови. Ова растение е полно и со антиоксиданти кои ги намалуваат брчките и ѝ даваат здрав изглед на кожата.

Ги зајакнува коските

Вашите коски исто така имаат некои придобивки од конзумирањето џин. Според експертите, тој е одличен во борбата против артритисот. Обидете се да пиете малку џин ако ве болат зглобовите или страдате од артритис – ја ублажува болката и воспалението во зглобовите.

Губење на тежина

Сите знаеме дека алкохолот е најголемиот непријател во исхраната, но самиот џин има најмалку калории од сите алкохолни пијалоци – една чаша содржи околу 110, додека пивото има 180, а виното 160 калории. Сепак, внимавајте на количината што ја земате, особено ако ја мешате со сокови полни со шеќер.