Овој рецепт стана вирален хит на Интернет: Направете тестенини во рерна и уживајте во неверојатниот вкус! (ВИДЕО)

6 февруари, 2021
вкус

Ако сте корисник на TikTok или Instagram и истовремено верно следите профили посветени на храна, тогаш деновиве сигурно не пропуштивте ниту еден рецепт кој во моментов е вистински хит на овие социјални мрежи.

Станува збор за тестенини со печено фета сирење и домат што лесно се подготвуваат, а судејќи според коментарите на оние кои го пробале рецептот – резултатот е навистина вкусно јадење.

Првата верзија на рецептот, наводно, ја смислил финскиот гастроблогер Џени Хајринен уште во 2019 година, а рецептот некогаш бил толку популарен во нејзината земја што имало недостиг од фета во продавниците ширум Финска.

@feelgoodfoodie

Baked feta pasta with cherry tomatoes!! Recipe on blog • Inspired by @grilledcheesesocial 😘 #tiktokpartner #learontiktok #fetapasta #recipes

♬ original sound – Feel Good Foodie

СОСТОЈКИ ЗА 4 ЛИЦА:

– 450 грама ситни тестенини по желба (пен, фарфале, ригатони …)

– 500 грама шери домати

– 200 грама фета сирење

– 2 чешниња лук

– 1 грст свежи лисја од босилек

– 1 дл маслиново масло

– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

1. Измијте ги доматите, ставете ги во плех за печење, истурете маслиново масло, сол, бибер и ставете го фета сирењето во едно парче на средина, а потоа посипете со малку повеќе маслиново масло. Ставете го во рерна загреана на 180 степени и печете 30 минути.

2. Во меѓувреме, сварете ги тестенините во согласност со упатствата на пакувањето. Кога доматите и сирењето ќе се испечат, извадете ги од рерна, додадете ситно сецкан лук и босилек и измешајте сè. Ставете ги сварените тестенини во плехот, промешајте уште малку за да ги соедините со останатите состојки и потоа послужете ги.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum