Пилешко филе во кремаст сос: Најдобар начин за подготовка на бело месо! (РЕЦЕПТ)

4 јануари, 2021
238637_img-20210102-155713_ls

Направете оброк за паметење

Состојки:

1 главица кромид

300гр печурки

1 пиперка

300гр блитва/спанаќ

Маст

Сол и бибер

Сув домат

200мл павлака за готвење

100гр сино сирење

Лук во прав

800гр пилешки гради

Подготовка:

Издинстајте ги кромидот, пиперките, печурките. Додадете спанаќ, продолжете да динстате. Истурете ја павлаката за готвење, сол, бибер, додадете лук во прав, изронете го синото сирење внатре. Додадете ги исушените домати. Почекајте состојките да се соединат.

Направете џебови на пилешкото филе, исечете ги на средина, но не до крај. Наполнете со дел од сосот и затворете ги отворите со чепкалки за заби. Месото пржете го на средна температура. Свртете од сите страни. Кога е готово, сервирајте на чинија и прелијте го месото со остатокот од сосот.

escort - Korsan taksi