Помфрит од рерна, со 2 состојки кои му даваат неодолив вкус: Рецепт за совршено гарнирче со секој ручек!

28 февруари, 2021
krompir-iz-rerne-830x0

Минимална количина на масло и беспрекорна крцкавост

Помфритот е омилениот прилог со повеќето јадења со месо. Сепак, она што ги тера многу луѓе да стават помфрит на списокот на непожелни прилози е големата количина на масло што ја апсорбираат компирите при пржењето.

Паметните домаќинки најдоа одлично решение – помфрит од рерна, што е исто крцкав како оној од пржење или тава, но со минимално количество масло.

Состојки:

1кг компири

3 лажици палента

Мелена црвена пиперка

Сув зачин

Бибер

2 лажици масло

Подготовка:

Излупете ги компирите, изрендајте ги и исечкајте ги на осмини.

Измешајте палента, мелена црвена пиперка пипер, сув зачин и бибер, а потоа во таа мешавина извалкајте ги компирите.

Поставете плех со хартија за печење, ставете ги извалканите компири на хартијата, лесно посипете ги со масло и ставете ги во рерна. Компирите треба да се печат на 250 степени додека не поруменат.

Благодарение на палентата, помфритот од рерна ќе биде крцкав, а зачините ќе му дадат посебен вкус.

Послужете со кое било јадење од месо и сезонска салата.

Пријатно!

escort - Korsan taksi