ПРОЛЕТНА САНГРИЈА! Лесно се прави, а одлична е за освежување! (РЕЦЕПТ)

7 јуни, 2021
445963_sangrija_f

Сангрија обично се прави од црвено вино, сецкано овошје, малку жесток алкохол и шеќер. Името го добила поради темно црвената боја од португалскиот збор sangue“ што значи крв. Меѓутоа, постои „sangria blanca“ направена од бело вино. Постојат многу варијанти, а тука се и состојките што можете да ги комбинирате.

За сангрија ви треба бокал или голема чинија, како за пунч. Плодовите што обично се користат се портокали, лимони, лимета, праски, јаболка, круши, киви, јагоди, малини, грозје, лубеници, дињи. Еве една пролетна варијанта …

Состојки:

  • литар квалитетно црвено вино
  • сецкано свежо овошје – праска, цреша, јаболко, портокал (околу 2 чаши)
  • коцки лед
  • лисја од нане за украсување

Подготовка:

Исецкајте го овошјето, ставете го во ладеното вино, додадете коцки мраз и лисја од нане и послужете.

Уживајте!

escort - Korsan taksi