Рецепт на денот: Летна тортичка

28 јули, 2021
Screenshot_4

Летото не сака тешки, кремасти слатки, бидејќи имаме на располагање разновидно свежо овошје. Но, зошто да не направиме исклучок?!

СОСТОЈКИ:

За кора:

  • 4 јајца
  • 2 лажици ладна вода
  • 4 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 лажици ореви / бадеми / лешници
  • рендана кора од лимон / портокал

За фил:

  • 250 мл слатка павлака
  • 50 гр путер
  • шеќер во прав (по вкус)
  • овошје (малини, рибизли, огрозд, капини …)

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги состојките за кора и испечете. Изладеното тесто исечете го во круг или коцка. За филот, измешајте ја слатката павлака во цврст снег, а потоа додадете го путерот изматен со шеќер во прав. Премачкајте го секое парче кора со добиениот крем, наредете го овошјето и преклопете, како сендвич. Завршете со фил и овошје.

escort - Korsan taksi