Рецепт за фин италијански десерт полн со витамин Ц кој се топи во устата

10 јануари, 2021
cake-2649603_640

Тирамису е традиционален италијански десерт кој се состои од бисквити натопени во кафе збогатено со крем од сирење маскарпоне…

Но, дали знаевте дека постои и „полесна“ освежителна верзија полна со витамин Ц? Или барем да го оправдавме правењето на оваа сочна торта со додавање на ликер лимончело, кој е направен од лимон.

За сируп од лимончело:
240 мл ликер лимончело
240 мл вода
100 грама шеќер
180 мл свежо исцеден сок од лимон
40 бисквити
За крем од маскарпоне:
450 грама сирење маскарпоне
350 грама крем
150 грама џем од лимон
60 грама шеќер во прав
Подготовка:

  1. Во тенџере, загрејте лимончело, вода, шеќер и сок од лимон на умерена температура и често мешајте додека шеќерот не се раствори целосно.
  2. Ставете го сирупот на страна да се олади на собна температура.
  3. Во меѓувреме, изматете го кремот во шлаг со миксер. Измешајте го шеќерот во прав.
  4. Во посебен сад измешајте го сирењето маскароп со џем од лимон.
  5. Внимателно измешајте шлаг во смесата со сирење маскарпоне и лимон.
  6. Натопете ги бисквитите во сируп од лимончело, и ставете ги во огноотпорен сад во кој ќе ја подготвите тортата.
  7. Наредете ги бисквитите едно до друго за целосно покривање на дното на тавата.
  8. Нанесете половина од маскарпонето, шлаг и крем од лимон над бисквитите потопени во сирупот.
  9. Повторно ставете ги бисквитите потопени во сирупот над смесата, а целата торта завршете ја со остатокот од кремот.
  10. Украсете ја тортата со малку кора од лимон ако имате органски одгледувано овошје.
  11. Ставете го колачот во фрижидер најмалку шест часа или преку ноќ, пренесува punkufer.hr.
  12. Послужете разладено. Добар апетит!
escort - Korsan taksi