Деликатес за вечера: Подгответе фина гурманска пилешка паштета!

2 март, 2021
6af8a874047c03862f12d556e98c0f09

Дали има нешто подобро од комбинирање на здраво, вкусно и заситно? Оваа паштета од пилешко ви одзема малку напор и време, но тоа ќе биде вкусно и здраво решение за појадок, ручек или вечера.

Пилешкото е лесно достапно и не е многу скапа опција за јадење. Но, честопати луѓето знаат да се заситуваат цело време од едно исто па затоа ви донесуваме рецепт што ќе му даде на пилешкото ново руво, а на вас исклучително фин оброк, на кој не потрошивте многу пари.

Состојки:

  • 1 пилешко
  • 1 пециво (кајзерица)
  • млеко
  • 1 јајце
  • 2-3 кисели краставички
  • Француски сенф
  • 2 лажици павлака
  • 2-3 лажици мајонез
  • сок од половина лимон
  • магдонос, сол, бибер

Подготовка:

  1. Исечете го пилешкото на помали парчиња и варете. Кога ќе се свари, оставете малку да се излади.
  2. Извадете го месото и мелете го во мелница за месо.
  3. Пренесете го месото во поголема чинија и додадете го пецивото натопено во млеко. Промешајте со рацете.
  4. Додадете едно сирово јајце и измешајте сè повторно.
  5. Исечете ги киселите краставички на мали коцки и додајте ги во смесата.
  6. Прво додадете павлака, па сенф и лимон. После тоа зачини. Измешајте сè добро за да направите мазна смеса и пробајте.
  7. Во случај на недостаток на “подмачкување” додадете 2-3 лажици мајонез.
  8. Паштетата можете да ја оставите во еден сад или да ја поделите на помали чинии со капаци и да ја ставите во фрижидер 2 до 3 часа да се олади и стисне.
escort - Korsan taksi