Млечна пита на турски начин: Совршенство со егзотичен вкус

3 јули, 2021
Screenshot 2021-07-03 135908

Веројатно и порано сте правеле пити, но не на овој начин, што ќе стане ваш избор

Состојки:

сирење – 200 грама

кори за пита – 1 пакет

кашкавал – 150 гр

јајца – 3

масло – 60 мл

свежо млеко – 1,5 чаша

прашок за пециво – 1 пакетче

путер – 1 коцка

прстофат сол

Подготовка:

Скршете ги јајцата во сад и добро изматете. Истурете масло, свежо млеко, прашок за пециво и сол во нив. Измешајте добро и одделете 1/2 чаша од смесата.

Земете 1 лист од корите за пита. Намачкајте со мешавината од млеко и ставете друга кора одозгора. Намачкајте ја и неа, па посипете со сирење и кашкавал.

Внимателно завиткајте како ролат, а потоа во полжавче. Подмачкајте ја тавата и ставете ги корите внатре.

Направете го истиот процес со другите кори додека не се потроши количината.

Смесата што ја одвоивте истурете ја врз млечната пита. Ставете парче путер на секое полжавче..

Загрејте ја рерната на 190-200 степени. Печете ја питата додека не е готова.