Pretty in Pink: Овој освежувачки коктел со џин е идеален пијалок за летно уживање

22 мај, 2021
Screenshot 2021-05-22 145043

Дали има нешто поубаво од летната мрзеливост со фин коктел во рака?

Овој овошен свеж пијалок со лимета и брусница е совршен за топлите вечери

Ви носиме вкусен рецепт за одличен летен коктел со џин

Pretty in Pink  – многумина веројатно сега размислуваат за култната љубовна приказна од 80-тите. Овој коктел е подеднакво освежителен и лесен благодарение на мешавина од цитрус и брусница. И, се разбира, убавата боја го оправдува името! Погледнете како да го подготвите овој пијалок дома.

Состојки

За џинот со лимета

• 1 л џин

• 5 замрзнати листови лимета (достапни во некои азиски или продавници за деликатеси)

За пијалокот

• 40 мл џин со лимета

• 20 мл Triple Sec ликер

• 20 мл сок од лимета

• 40 мл нектар од брусница

• малку шеќерен сируп

• рендана кора од 1 лимон

• кршен мраз

• За декорација – парче лимета

Подготовка

1. Најпрво направете го џинот со лимета ставајќи пет замрзнати листови лимета со еден литар џин во стаклен сад со капак и оставете го да стои 24 часа.

2. Потоа ставете ги сите состојки за пијалокот во коктел шејкер. Додадете малку кршен мраз и енергично тресете 10 до 15 секунди.

3. Истурете низ сито во чаша и украсете со половина парче лимета на работ од чашата. Уживајте веднаш додека е студено!

escort - Korsan taksi