Рецепт за чоколадни бомбици со рум: Ќе ги направите за 5 минути, а ќе исчезнат уште побрзо

5 јуни, 2021
kuglice-cokolada-830x0

Неодоливиот вкус на млечно чоколадо ќе ве освои уште на првиот залак

Ако сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време, вистинското решение секогаш се чоколадните бомбици.

Па ако додадете малку рум во нив, ќе уживате во неодоливи слатки, според едноставен рецепт што ќе го воодушеви вашето непце.

Нема правење и печење на кори, подготвување филови … Едноставно ги мешате сите состојки и вашиот десерт е подготвен додека трепнете.

Состојки:

200 гр путер

100 гр шеќер во прав

40 гр какао во прав

350 гр мелени бисквити

100 мл млеко

1 лажица рум

5 лажици масло

200 гр млечно чоколадо

Подготовка:

Изматете го путерот во длабок сад, додадете го шеќерот во прав, какаото, мелените бисквити, млекото, румот, сè добро измешајте и формирајте топчиња.

Растопете го чоколадото со пет лажици масло во мало тенџере на тивок оган. Потопете ги бомбиците во чоколадото и оставете ги на плех да се стегнат.

Пријатно!