Рецепт за замрзнат мус од малини во кој Италијанците се колнат

7 јуни, 2021
61920394-semifreddo-maline

Неговиот вкус е збогатен со разни овошја, ореви и слични намирници. Во лето, семифредото со малини и ф’стаци е особено популарно …

Семифредо е италијански збор за полу-замрзнат, и обично се поврзува со истоимениот десерт сличен на сладолед. Но, неговата подготовка е многу поедноставна од сладоледот затоа што не бара мешање за време на процесот на замрзнување.

Семифредо е всушност десерт врз основа на павлака и шеќер, чија текстура наликува на замрзнат мус. Неговиот вкус е збогатен со разни овошја, ореви и слични намирници. Во лето, семифредото со малини и ф’стаци е особено популарно.

Јајцата исто така одат во оригиналниот рецепт за семифредо. Но, ние ви носиме малку поедноставен рецепт со кој не можете да погрешите.

Состојки за семифредо со малини и ф’стаци:

300 грама малини

240 мл павлака за шлаг

60 мл кисела павлака

50 грама шеќер во прав

40 грама ф’стаци

1 лажица свежо исцеден сок од лимон

1 лажица мед

свежи листови од нане

Подготовка:

1. Мешајте ја павлаката со миксер додека не добиете глатка смеса. Ќе ви треба околу една минута за да го направите ова.

2. Во киселата павлака додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не се соединат состојките.

3. Додадете ја павлаката за шлаг во смесата и мешајте сè заедно уште три до четири минути.

4. Во добиената смеса рачно измешајте половина од количината исечени ф’стаци и половина малини.

5. Истурете ја смесата во длабок плех за печење претходно обложен со пластична фолија.

6. Ставете го вака подготвеното семифаредо во замрзнувач минимум четири часа, односно додека не се замрзне целосно.

7. Кога ќе сакате да го послужите десертот, извадете го од замрзнувач и оставете го да отстои некое време на собна температура. Во меѓувреме, измешајте ги медот и лимонот и додадете ги преостанатите малини во смесата.

8. Исечете го семифредото на парчиња и над нив ставете слатки малини, ф’стаци и неколку ливчиња нане.

Уживајте!