Совршен ручек за студен априлски ден: Кисела зелка со роловано свинско месо (ФОТО)

14 април, 2021
76ef1a16fd109fcc96d4d609f5d5a2be4ceab14a

Денес подготвуваме вкусно јадење што ќе го подобри нашето расположение на овој облачен ден.

Бидејќи не можеме да излеземе од зимата, денешниот предлог за ручек е: Кисела зелка со роловано свинско месо.

Состојки:

Кисела зелка

1 кромид

Сол

Биберер

Ловоров лист

2 јајца

2,5 dcl милерам

роловано свинско месо

Подготовка:

Пропржете го кромидот, додадете ја измиената зелка (да не биде многу кисела и солена). Пржете заедно околу 60 минути, додавајќи вода повремено.

Ставете ја зелката во подмачкана тава. Изматете ги јајцата со милерамот, а потоа прелијте ја зелката со оваа смеса. Надредете го ролованото печено свинско месо. Ако немате роловано свинско месо, со зелката издинстајте свеши ребра.

Печете во рерна на 220 степени 30 минути. Пријатно!