РОЛАТ ОД ВАНИЛА со ШЛАГ И ОРЕВИ! Совршено вкусно! (РЕЦЕПТ)

3 октомври, 2021
482653_x5-rolat-497265862_f

Прекрасна мека кора во комбинација со текстура богата со фил од ореви, а резултатот е совршено вкусен и волшебен ролат…

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 3 лажици топла вода
  • 160 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр брашно
  • 1 прашок за пециво

ЗА ФИЛ:

  • 500 мл слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 2  лажички екстракт од ванила
  • 1 лажичка рум
  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр ситно сецкани ореви

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги жолчките со водата, шеќерот и ванилин шеќерот. Додадете брашно измешано со прашок за пециво и цврст снег од белки. Префрлете ја смесата во намастен плех и печете во рерна на 200 степени околу 10 минути. Отстранете, префрлете на влажна чиста крпа, завиткајте веднаш и оставете да се излади. Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг со ванилин шеќер, екстракт од ванила и рум. Одвиткајте го изладениот ролат, премачкајте со кремот, посипете со мелени и сецкани ореви, потоа повторно завиткајте и ставете во фрижидер да се излади.

Уживајте!