Ручек подготвен за половина час: Лажни лазањи (РЕЦЕПТ)

19 септември, 2021
Screenshot_1

Многу сличен вкус со оној на вистински лазањи

Состојки и подготовка:

  • 500 гр. тестенини по избор
  • чаша вода
  • сол

За црвениот сос

  • 400 гр. мелено месо
  • 200 мл. варени домати
  • 100 мл. масло
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажички сув зачин
  • 2 лажички мелена пиперка
  • 1 лажичка оригано
  • малку бибер
  • 100 мл. кечап

За белиот сос:

  • 200 мл. млеко
  • 1 лажица брашно
  • околу 4 лажици масло
  • 350 гр. кашкавал (може било кој)
  • половина лажичка сол
  • малку бибер

Вклучете ја рерната на 230 степени, подмачкајте го огноотпорниот сад и ставете ги тестенините во него, истурете вода и додадете сол. Промешајте малку и ставете во загреана рерна околу 10 минути за малку да омекнат тестенините.

Во меѓувреме, подгответе ги црвениот и белиот сос.

Испржете го ситно исечканиот кромид во масло, додадете мелено месо, зачини, варени домати, лук.

Динстајте околу 10 минути. Во меѓувреме, загрејте го маслото во друга тава и пржете го брашното, истурете го млекото и варете на ниска температура околу 2 минути. Додадете сол, бибер и извадете ги од шпоретот. Додадете рендан кашкавал и мешајте додека не се растопи.

Извадете ги полупечените тестенини од рерната, прелијте со црвениот сос, промешајте, израмнете и прелијте со белиот сос. Посипете со оригано, покријте и вратете во рерна на околу 15 минути да се пече.

Кон крајот, добро е да го отворите садот, така што горниот дел ќе зарумени.

escort - Korsan taksi