РУЧЕК ЗА 10 МИНУТИ: Тестенини со зеленчук, лесен оброк кој обезбедува дополнителна енергија

22 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-22 151735

Брзате и немате време да подготвите ручек, сакате да јадете нешто вкусно, нешто што ќе ве држи сити долго време

Лесен паста оброк што ќе го подготвите за еден момент.

Состојки:

400 гр тестенини

200 гр свежи краставици

2 чешниња лук

150 гр црвени пиперки

200 гр јаболка

150 гр трапист сирење

2 лажици сок од лимон

Малку маслиново масло

200 гр мајонез

200 мл јогурт

Подготовка:

Ставете ги макароните во зовриена вода да се готват околу 8 минути. Во меѓувреме, исецкајте ги краставицата, лукот, црвената пиперка, сирењето и јаболкото на мали коцки. Добро промешајте и прелијте со сок од лимон. Во друг сад, измешајте ги мајонезот и јогуртот. Извадете ги тестенините и процедете ги. Посипете ги со малку маслиново масло, а потоа додадете ја смесата со зеленчук и јаболка, како и смесата со мајонез и јогурт. Зачинете со бибер по желба.

На здравје!