Се топи во уста, а не ви треба ни грам брашно: Чоколадна торта од само 3 состојки!

28 јули, 2021
315299_secce_ff

Имаме совршен рецепт за сите љубители на чоколадо. Не ви треба многу време или вештини, а камоли состојки: потребни ви се само три.

Резултатот е вкусна чоколадна торта која се топи во устата …

Состојки:

175 гр темно чоколадо
140гр путер
7 јајца

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Кон крајот, додадете путер (кој претходно го исецкавте на коцки). Мешајте додека не се стопи целосно и не се соедини.

Одделете ги белките од жолчките; измешајте ги жолчките и додадете ја смесата со чоколадо и путер, нежно мешајте.

Изматете ги белките во снег и додадете лажица по лажица и нежно мешајте.

Кога имате соединета смеса, истурете ја во калап намастен со путер и обложен со хартија за печење. Покријте со фолија.

Ставете го калапот во поголем калап, половина наполнет со топла вода.

Печете 25 минути во рерна загреана на 150 степени. Колачот е готов кога ќе биде мек на средина и однадвор има крцкава кора.

escort - Korsan taksi