Што да спремите за вечера? ТЕСТЕНИНИ СО 4 СИРЕЊА, вкусно и брзо!

28 септември, 2021
480780_x6-pasta-sir-1458609818_f

Има денови и вечери кога не сакате да поминувате многу време во кујна, затоа ви предлагаме брз и лесен рецепт, тестенини со четири вида сирење…

Состојки:

пакување тестенини по избор
220 мл павлака за готвење
50 гр гауда
50 гр Ементалер
50 гр горгонзола
50 гр моцарела
сол, бибер, зачини по избор

Подготовка:

Згответе шпагети или други тестенини по ваш избор во солена, врела вода според упатствата на пакувањето. Истурете ја киселата павлака во тава со нелеплива основа, загрејте ја на умерена температура и додадете ги гаудата, ементалерот, горгонзолата и моцарелата. Мешајте додека не се растопат сирењата. Сосот е подготвен кога киселата павлака малку ќе се згусне. Потоа додадете ги тестенините со малку вода во кои се сварени и добро измешајте. Послужете топло.

escort - Korsan taksi