Сирењето се топи во уста: Поховани виршли во тост леб кои се сочни и неодоливи

28 август, 2021
326713_shutterstock-1542386222_ff (1)

Постојат безброј начини на кои можете да подготвите јадења со виршли, но овој начин е многу едноставен, а во исто време необичен и вкусен. Сирењето се топи во устата и ве тера да сакате да го вкусите ова јадење одново и одново.

Состојки:

Пакување виршли
Леб за тост
Две пакувања тост сирење од различни видови
Јајца
Презла
Брашно
Масло

Подготовка:

  • Извадете едно парче тост леб и истенчете го со сукало. Потоа ставете два листови тост сирење, од различни видови. Додадете виршла што претходно сте ја зготвиле и сето свиткајте го во ролна. После тоа, посипете ја ролната со брашно, потоа потопете го во јајца и на крај во презла. Останува само да се пржи во врело масло и вашата храна е подготвена за јадење.