Сочна и вкусна пита со тиквички и кашкавал: Совршено лесна пролетна закуска

9 јуни, 2021
pita-sa-tikvicama-830x0

Тиквичката е зеленчук што ни овозможува да експериментираме

Тиквичките се секогаш пожелни на трпезата, без разлика дали се во мусака, паста, скара или пржени. Ретко кој ќе одолее на нивниот специфичен вкус.

Оваа пролет многу домаќинки подготвуваат лесна пита од тиквички и кашкавал. Рецептот е практичен, бидејќи не е скап, се прави брзо и не се потребни посебни кулинарски вештини.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 3 јајца
  • 1 шоља млеко
  • 1 шоља јогурт
  • 120 мл масло
  • кесичка прашок за пециво
  • 1 тиквичка
  • 100 гр кашкавал за тестото
  • 50 гр кашкавал за посипување
  • сол, оригано

Подготовка:

Излупете ја тиквичката, изрендајте ја, посолете ја и оставете водата од неа да исцеди. Изрендајте го и кашкавалот.

Во посебен сад, изматете ги јајцата, а потоа постепено додавајте го брашното. Додека мешате, додадете млеко, јогурт, масло, потоа додадете зачини и прашок за пециво и продолжете со мешање.

Кога ќе добиете глатка смеса, додадете го кашкавалот и исцедените тиквички, и измешајте сè заедно.

Премачкајте плех за печење со масло и истурете ја смесата. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 40 минути. Кога ќе ја извадите питата од рерна, посипете со кашкавал и оставете да се стопи.

Послужете ја топла со јогурт.

Пријатно!

escort - Korsan taksi