СОЧНА, МЕКА И ЗДРАВА: Ќе ја обожавате оваа пита со тиквички! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

27 јули, 2023
pita

Прсти да излижете…

Многу луѓе, кога мислат на пити, мислат дека тоа е нешто нездраво, што ги прави дебели. Сепак, тоа не мора да значи дека е така.

Оваа пита ги има сите здрави состојки, се прави брзо, а вкусот е ненадминлив. Можете да ја направите или за појадок, или за ручек или вечера.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 150 гр тиквички исечкани на коцки
  • половина црвена пиперка исечкана на коцки
  • малку праз на мали парчиња
  • 100 гр фета сирење
  • малку кашкавал
  • 30 мл маслиново масло
  • сол

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додајте ги сите наведени состојки, соединете и истурете во намастена тава (22см). Одозгора можете да посипете коцки сирење. Печете на 200 степени околу 35-40 минути. Послужете разладено.

Еве како се прави:

https://www.youtube.com/watch?v=E88WOpWJQAQ&feature=emb_title
escort - Korsan taksi