СОВРШЕН ЛЕТЕН ПИЈАЛОК! Лимонада со малини

18 август, 2021
121458_pink-lemonade-795029-960-720_f

Сега е идеален период од годината за пијалок што ќе ве освежи. Затоа треба да направите лимонада со малини

Состојки:

сок од еден лимон

неколку малини

кругчиња лимон

свежи листови нане

Подготовка:

Кој е вашиот омилен пијалок? Лимонадата со малини не е само вкусна, туку и многу здрава.

Сокот од лимонот и малините ставете ги во блендер и добро измешајте. Смесата ставете ја во калапи за мраз и ставете во замрзнувач.

Кога ќе посакате лимонада, извадете две коцки и ставете ги во чаша вода и мешајте додека не почне да се топи.

Ако сакате, можете да додадете и свежи листови од нане и кругчиња лимон, а нема да ви треба мраз бидејќи веќе ќе биде доволно студена.