Страчатела колач со чоколадо кој освојува со својот вкус: Овој десерт ќе го обожаваат сите генерации

18 септември, 2021
cokoladi-kolac-830x0

Израдувајте го вашето семејство со еден посебен десерт

Чоколадната торта е сладок грев што мора да си го дозволиме. Особено во студените есенски денови, кога сѐ што сакаме е топол пијалок и брз рецепт за десерт. Овој рецепт ќе ве воодушеви со неговата едноставност и брза подготовка.

Состојките за ова слатко задоволство ги има претежно секоја домаќинка во својата кујна. Изненадувачки лесно и без многу проблеми, ќе добиете вкусна торта која се топи во устата.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 220гр шеќер
  • Прстофат сол
  • 230мл јогурт
  • 150мл масло
  • 300гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за пециво
  • 150гр црно чоколадо
  • 2 лажички масло

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките, а потоа ставете ги во две одделни чинии. Цврсто изматете ги белките од јајцата со миксер, па додајте сол.

Истурете шеќер и јогурт во жолчките, а потоа изматете ги со миксер. Додека мешате, полека додавајте го маслото.

Измешајте го брашното и прашокот за пециво, потоа просејте ги и додадете ги во изматените жолчки.

Грубо изрендајте 50 грама чоколадо, потоа додадете го во смесата со жолчките заедно со белките. Соединете сѐ со рака, со жица или шпатула.

Калапот во кој ќе го печете колачот обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата. Садот не треба да биде подолг од 30 сантиметри.

Печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути.

Кога ќе завршите, извадете го колачот и ставете го на плех.

Остатокот од чоколадото стопете го со додавање на две лажици масло на пареа, па прелијте го колачот.

Оставете го чоколадото да се стегне, потоа исечете го колачот на парчиња со саканата големина и послужете го со кафе или чај.

Пријатно!

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris