ТАРТ ОД ЛИСНАТО ТЕСТО: Десерт со јагоди и банани што со задоволство ќе го подготвувате често

8 мај, 2021
29-04-2021-kuharica-1320x880-tart-od-lisnatog-660x450

Рецепт лесен за правење

Состојки за тестото:

250 гр лиснато тесто

Состојки за кремот од сирење:

200 гр крем сирење

250 мл слатка павлака

2 лажици шеќер во прав

сок од половина лимон

рендана кора од половина лимон

1 лажичка ванила екстракт

Други состојки:

1 банана

5 поголеми, свежи јагоди

Подготовка:

Печете го лиснатото тесто 15 минути на температура од 180 ° C, додека не добие убава златно жолта боја. Пред печење, боцнете го тестото со вилушка на неколку места за да не набабри премногу.

За подготовка на кремот, ставете ја слатката павлака, крем сирењето и другите состојки во сад и кратко мешајте додека не добиете убав крем. Не мешајте премногу долго бидејќи ќе биде многу густо и нема да можете да го размачкате по тестото.

Изладеното лиснато тесто премачкајте го со подготвениот крем. Наредете свежи јагоди и банана или некое друго свежо овошје што ви се допаѓа над крем сирењето – малини, боровинки, киви…

Банани полијте ги со сокот од лимон за да не поцрнат од стоење.

escort - Korsan taksi