Тарт со бадеми и џем од малина

14 април, 2021
frangipane-recipe-1375636-hero-01-5c3ea96646e0fb000162abbd

Засладете го попладнето со фантастична комбинација на бадеми и малини …

Инспирацијата за денешниот десерт доаѓа од Англија. Тоа е традиционален тарт Bakewell, именуван по истоимениот град во строгиот центар на земјата, која се состои од крцкаво тесто, паста од frangipane и џем од малина.

Подготовката ќе ви одземе околу еден час, што вклучува одмарање на тестото и печење, а количината е доволна за осум порции.

Можете да го посипете Bakewell тартот со шеќер во прав или да служите со шлаг.

Состојки за кревко тесто:

250 гр мазно брашно
1/4 лажиче сол
2 лажици шеќер во прав
140 гр ладен путер
2 жолчки

Полнење:

100 гр путер
100 гр шеќер во прав
50 гр мелени бадеми
1 лажичка екстракт од бадем
2 јајца (М)
3 лажици џем од малина
50 гр лисја од бадем

Подготовка:

Измешајте го брашното со сол и шеќер во прав и промешајте го ладниот путер со прстите. Кога ќе добие текстура со грутки, додадете четири лажици ладна вода и изматени јајца. Промешајте кратко, па завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Расукајте го тестото и со него покријте калап со дијаметар од 20 см. Покријте со хартија за печење, ставете ориз или грав врз него за да го притисне и да остане рамно и печете 15 минути во рерна загреана на 200 степени. Потоа отстранете ја хартијата и печете максимум 10 минути.
За филот измешајте путер со шеќер и додадете мелени бадеми, екстракт и јајца. Измешајте кратко.
Над испеченото крцкаво тесто, прво распоредете го џемот, а потоа и подготвениот франгипан.
Посипете со снегулки од бадем и печете уште 25 до 30 минути.
Почекајте да се излади пред да го исечете. Пријатно јадење!