ТАРТ СО ЧОКОЛАДО И МАЛИНИ: Вистинско летно уживање со кое нема грешка, а се спрема за час!

10 август, 2021
2672775_tart-od-maline-1_ls

Нема грешки со овој десерт, и нема многу работа, но резултатот е фантастичен. Тартовите се подготвуваат слично како и чизкејкот. Може да ставите некои други бобинки наместо малини.

Состојки:

Бисквити 100 гр
30 гр стопен путер
1/4 чаша слатка павлака
45 гр темно чоколадо
120 гр замрзнати малини
малку шеќер во прав

Подготовка:

Исечете ги бисквитите во блендер и додадете путер. Поделете ја смесата што ја добивате на два дела и премачкајте ги со неа мини калапите за тарт. Оставете во фрижидер околу половина час да се стегне.

Во меѓувреме, измешајте ја слатката павлака и додадете го растопеното чоколадо. Нанесете ја смесата на бисквитна основа, украсете ја со малини и посипете ја со шеќер во прав.

tart od maline