ТОРАТА СО БАДЕМИ И ЈАГОДИ: Без печење, готова за 15 минути! (ВИДЕО)

30 мај, 2021
250989_raw-kolac-novine_ls

Оние кои се грижат за своето здравје со задоволство ќе се засладат со оваа сирова торта

СОСТОЈКИ:

  • 1 чаша (250 ml) бадемово брашно
  • половина чаша кокосов протеин
  • 3 лажици мед
  • 1 лажица кокосово масло
  • 10 урми
  • вода
  • 150 гр јагоди
  • сок од половина лимон
  • 1/3 чаша ореви
  • 1/3 чаша кокосово брашно
  • 1 лажица кокосово масло
  • лажица сок од лимон

Подготовка:

Направете ја долната кора. Ставете бадемово брашно, кокосов протеин, мед, кокосово масло во блендер. Изблендирајте и притиснете во плех за печење. Ставете го во фрижидер.

За филот, ставете јагоди или малини во блендер, урми што претходно биле натопени во вода 10-15 минути, сок од половина лимон. Измешајте, и ставете ја смесата над долната кора.

Направете ронлива смеса, која ќе ја ставите врз филот, со блендирање на кокосов протеин, ореви и лажица сок од лимон.

Посипете со фил, ставете го во замрзнувач два часа да се стегне.

escort - Korsan taksi