Тортата со ванила на овој начин е вистинска магија: Направете три различни слоја од само едно тесто! (РЕЦЕПТ)

16 јануари, 2021
kolac_1000x0

Прекрасна, мека и сочна торта направена од најчестите состојки како што се јајца, брашно, шеќер и млеко.

Состојки: 3 жолчки + 3 белки 1 лажица вода 90 гр шеќер 90 гр путер (стопен) 90 гр брашно 1 лажичка екстракт од ванила малку сол 375 мл млеко

Подготовка: Додадете вода и шеќер во жолчките. Изматете добро со жица. Потоа постепено додавајте го путерот, мешајќи цело време. Додадете просеано брашно, а потоа промешајте повторно. Потоа додадете ја ванилата , па промешајте повторно. На крај, истурете го млекото, мешајќи исто така, постојано. Изматете ги белките до пенливост, а потоа додадете ги во смесата со жолчките. Добро промешајте. Подмачкајте го длабокиот калап со путер, а потоа истурете ја добиената мешавина. Печете на 150 ° C околу 50 минути. Посипете ја тортата со шеќер во прав.

escort - Korsan taksi