ТОРТИЛЈИ ЗА БРЗ ЛЕТЕН РУЧЕК! Готови се буквално за 2 МИНУТИ! (Рецепт)

12 јули, 2021
456787_tortilje_f

Користете купени тортилји и намази за подготовка на овој оброк. Можете да ги јадете вака филувани веднаш, или ако сакате може да ги запечете малку во рерна со сирење, уживањето ќе биде уште поголемо …

Состојки:

  • пченична или пченкарна тортилја по ваш избор
  • лажичка хумус
  • парче сирење по ваш избор
  • половина пиперка
  • половина домат
  • половина мала краставица
  • грст лисја од свежа зелена салата
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

Размачкајте го хумусот преку средината на тортилјата. Ставете зелена салата и парче сирење над хумусот. Додадете сецкан зеленчук. Додадете сол и бибер по желба. Завиткајте сè заедно во палачинка или тортилја.

Пријатно!