ВАКА СЕ СЛУЖИ ВО НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ РЕСТОРАНИ: Похована палента која е чист деликатес!

20 август, 2021
256423_pohovanapalenta_ls

Може да се прилагоди по вкус, може да се јаде топло или ладно. Идеално како мезе или прилог, со малку сос, чиста десетка!

Потребни состојки:

  • 500 гр палента
  • 1,5 литри вода
  • 1 полна лажичка сол или по вкус
  • 100 гр рендан пармезан
  • Бибер по вкус
  • Други зачини, исто така, по вкус
  • Коцка путер за подмачкување на мувла

За поховање:

  • 3 јајца
  • Малку сол
  • Околу 100 гр брашно
  • Околу 200 гр презла
  • Масло за пржење

По избор:

  • грчки јогурт или некој друг сос по ваш избор

Подготовка:

  1. Истурете вода и сол во тенџерето и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, додадете ја палентата и тргнете ја од оган, мешајќи постојано, за да не настанат грутки, потоа додадете пармезан и бибер и соединете.
  2. Потоа смесата префрлете ја во правоаголна тава (33х23см, можеби малку поголема) која претходно сте ја намастиле со путер и рамномерно израмнете ја. Оставете во тава да се излади целосно, може да се стави и во фрижидер.
  3. Оладената палента исечете ја на 20 коцки. Додадете сол во јајцата и матете со вилушка, подгответе брашно и презла.
  4. Секоја коцка натапкајте ја од сите страни во брашно, потоа во јајца и на крај во презла. Пржете ја палентата во малку подлабоко масло, ставете ја пржената палента на чинија обложена со салфетка да се исцеди.
  5. Послужете со грчки јогурт или сос по ваш избор, магдонос или босилек.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi