Ваков сè уште не сте пробале: Еве како да направите неверојатно вкусен и кремаст домашен чоколаден СЛАДОЛЕД! (РЕЦЕПТ)

8 август, 2021
Screenshot_2

Со само 4 едноставни состојки, ќе добиете сладолед што ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 5 жолчки
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо (60-70% какао)

Подготовка:

Ставете метален сад во замрзнувач 2 часа. Ставете го млекото да зоврие, и добро изматете ги жолчките и шеќерот. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, а потоа додадете го чоколадото и мешајте додека не се стопи. Потоа додадете ги изматените жолчки и вратете на шпорет на тивок оган уште 2,5 минути. Промешајте Бидете внимателни затоа што не смее да зоврие. Оставете да се излади 5 минути, а потоа извадете го садот од замрзнувачот и истурете го топлиот сладолед во ладниот сад. Промешајте Вратете во замрзнувачот уште 40-50 минути. Извадете, промешајте, па вратете во замрзнувач 40-50 минути. Потоа истурете во сад во кој ќе го чувате сладоледот и ставете го во замрзнувач преку ноќ.

escort - Korsan taksi