Вечера од рерна: Палачинки со сирење, спанаќ и домати! (РЕЦЕПТ)

8 април, 2021
dreamstime-m-21956504

Во смесата можете да додадете и парчиња варена шунка. Исто така, со овој рецепт не мора да ги виткате палачинките, туку можете да ги редите како лазања – палачинка, слој од смеса… и така сè додека не ги потрошите сите состојки

Состојки:

150 гр сецкан замрзнат спанаќ

250 гр рикота свежо сирње

малку повеќе свежо рендано морско оревче

2 лажици сос од домати (готов сос за тестенини)

1 лажица рендан чедар, пармезан или сирење Груер

сол по потреба

6 палачинки

Подготовка:

Направете малку погуста смеса за палачинки, солена варијанта и испечете шест парчиња. Потоа вклучете ја рерната да се загрее до 200 степени.

Одмрзнете го спанаќот во микробранова печка, оставете го да се излади од 1 до 2 минути, а потоа исцедете што е можно повеќе течност. Потоа измешајте го со рикота, морско оревче и малку сол. Наполнете ги палачинките со оваа мешавина од спанаќ, завиткајте ги и наредете ги на плех за печење.

Потоа прелијте ги со сос од домати и врз нив ставете рендано сирење. Печете 15 до 20 минути.

Забелешка: Можете исто така да додадете парчиња варена шунка во смесата. Исто така, со овој рецепт не мора да ги виткате палачинките, туку може да ги редите како лазања – палачинка, слој од смеса, палачинка … и така натаму сè додека не ги потрошите сите состојки. Одозгора ставете сос и малку рендано сирење.