Виенска чоколадна торта: Ненадминлива класика од австриската кујна! (РЕЦЕПТ)

11 јануари, 2021
128661_profimedia0307434961_ls

Стар рецепт кој датира од втората половина на 19 век

Состојки:

8 јајца

1 ванилин шеќер

150 гр шеќер

100 гр кршени бисквити

50 мл шери

60 гр путер

100 гр мелени лешници

200 гр чоколадо за готвење

300 гр џем од кајсии

1 јајце

200 гр шеќер во прав.

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со 75 грама шеќер и ванилин шеќер со миксер додека не се стопи шеќерот. Изматете ги белките со миксер со преостанатиот шеќер. Додадете ги изматените белки во садот со изматените жолчки и промешајте со лажица. Потоа додадете бисквити, мелени лешници, 100 гр грубо рендано чоколадо и мешајте додека смесата не се соедини.

Истурете го тестото во кружен, подмачкан калап. Печете 20 минути на 180 степени. Стопете го преостанатото чоколадо на пареа, тргнете го од оган, додадете путер и мешајте додека путерот не се стопи. Додадете едно јајце и шеќер во прав. Промешајте.

Исечете ја кората на три еднакви делови. Ставете го првиот дел на послужовник, посипете со шери и премачкајте со џем. Повторете го процесот со останатите кори. Целиот колач премачкајте го со чоколаден прелив. Украсете со мелени лешници.

escort - Korsan taksi