Викенд предлог: Испробајте го највкусното благо на светот! Ќе ве освои на првото залче!

27 февруари, 2021
слатко

Ако сакате квасено тесто, афион и цреши, тогаш овој десерт ќе ве воодушеви.

Розите со афион и цреши ќе ве освојат со нивниот изглед, а потоа и со својот извонреден вкус. Подготовката не е комплицирана, а можете да ги јадете за појадок, со чаша млеко или чај или кога сакате да се засладите со нешто.

СОСТОЈКИ:

За тесто:

500 гр брашно
20 гр свеж квасец
40 гр шеќер
2 жолчки
малку сол
3 дл млеко


За полнење:

120 гр путер
2 белки
1 ванилин шеќер
2 – 3 лажици млеко
150 гр мелено семе од афион
цреши

ПОДГОТОВКА:
Тесто: Истурете го топлото млеко врз квасецот, додадете лажица шеќер, промешајте и оставете го на топло 10 минути. Измешајте го нараснетиот квасец со наведените состојки, замесете мазно тесто и оставете го покриено 60 минути.
Полнење: Изматете ги белките со миксер и додадете путер во собна температура, мелен афион, ванилин шеќер и млеко.
Поделете го тестото на 2 еднакви делови, развлечете го тенко и премачкајте го со фил. Посипете со цреши. Засукајте и исечете со остар нож рози со дебелина од 2 – 3 см. Подмачкајте голема тава за печење или 2 помали со путер и наредете така да остане 1 см помеѓу секоја роза.
Покријте ги розите и оставете 30 минути на топло место и печете 10 минути во рерна загреана на 200 ° С. Намалете ја температурата на 180 ° C и печете уште 10-15 минути. Извадете ја од рерна и прелијте ги со мешаниот крем (млеко) и шеќерот. Вратете ги во рерна и печете уште 5 минути.