ВИОЛЕТОВИ МАФИНИ! Мек десерт кој се топи во устата, а ќе го подготвите за само 10 минути (РЕЦЕПТ)

21 август, 2021
469388_mafini-u-boji_f

Дали некогаш сте пробале виолетови мафини? Не само што изгледаат убаво, туку и се вкусни. Најважно е дека тие се подготвуваат брзо, така што ќе ви требаат само 10 минути

СОСТОЈКИ:

  • 115 гр брашно од ориз
  • 10 гр брашно од тапиока
  • 2 гр сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 90-95 мл вода на собна температура

ДОПОЛНИТЕЛНО:

  • 50 гр шеќер
  • 50 гр густо кокосово млеко
  • 25 мл вода
  • боја / арома за храна

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги брашното од ориз, брашното од тапиока, квасецот и шеќерот, а потоа постепено додавајте ја водата. Мешајте со шпатула, потоа покријте со проѕирна фолија и оставете да отстои 45 минути во фрижидер.

Во меѓувреме, измешајте шеќер, кокосово млеко, вода и боја за храна во тава. Кога шеќерот се стопи, извадете го од шпоретот и измешајте го со тестото.

Кога сѐ ќе се соедини, покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер околу 2 часа. Истурете во подмачкани калапи за мафини, но оние индивидуалните, и варете на пареа околу 20 минути.