Вистинско уживање: Боемски колач (РЕЦЕПТ)

25 јули, 2021
Screenshot_1

Прекрасна мека кора со ореви и крем од жолчка, сите прелиени со глазура од чоколадо

Состојки за 2 кори:

  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 100 гр несквик, чоколади или нешто слично, ако не можете да имате какао за да го замените, тогаш 4 рамни лажици
  • 200 гр мелени ореви

Крем:

  • 500 мл млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 10 жолчки
  • 4 лажици брашно
  • ванила по желба
  • 200 гр путер или маргарин

Глазура:

  • 100 гр црно чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 2 лажици млеко

Посипете ореви одозгора ако сакате, може и не мора

Подготовка:

Изматете 5 белки со 5 лажици шеќер за да добиете силна пена.

Додадете 50 гр несквик, 100 гр мелени ореви и 2 лажици брашно.

Лесно соединете сè и истурете во обложен голем плех (40х30 см) и печете во загреана рерна на 180 степени.

Печете помеѓу 15 – 20 минути.

Ќе видите дека кората е готова кога ќе почнат да се затегнуваат рабовите, внимавајте да не претерате за целата кора да биде тврда.

Може да ги измешате сите состојки за кората одеднаш и да ја поделите на 2 дела.

Испечените два бисквити се ладат и се сечат по ширина, за да се добијат две помали кори и така ќе добиете 4 кори со големина на половина голема тава.

Изматете ги шеќерот, жолчките и брашното со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на тивок оган да зоврие.

Варете ги жолчките и со постојано мешање гответе го филот и оставете да се излади.

Изматете го путерот на собна температура, а потоа додадете го изладениот крем и изматете.

Нанесете го филот помеѓу корите, 1/3 од филот на секоја кора, последната кора не се премачкува.

Ако ви е полесно премачкајте ја секоја кора одделно и потоа наредете ги една врз друга, за да имате иста количина фил врз секоја, како ви е полесно.

Растопете го на пареа или микробранова печка чоколадото со масло и млеко и премачкајте го колачот.

Не мора да внимавате да е совршено затоа што ќе поросите со ореви, така што ништо нема да се види.

Оставете да отстои неколку часа, а потоа послужете.

escort - Korsan taksi