ВИТКАНА ПИТА ЗАРАДИ КОЈА ЌЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА БРОИТЕ КАЛОРИИ! Ќе се воодушевите колку е крцкава и полна со фил!

31 мај, 2021
342844_piiiitaa_f

Не бројте калории, навалете! Ако го подготвите, сметајте дека шест лица ќе бидат сити …

СОСТОЈКИ:

6 листови готово тесто за штрудла
1 лажица ким
4 лажици масло
40 гр остро брашно
1 лажичка сув зачин
200 мл млеко
150 гр свежо сирење
1 куп магдонос
700 гр тиквички

За сосот:

3 јајца
1 лажица масло
1 лажица млеко
1 лажица јогурт

ПОДГОТОВКА:

  1. Излупете ја тиквичката, изрендајте ја, додадете малку сол и исцедете ја.
  2. Додадете млеко, брашно, сув зачин, масло, сирење и сецкан магдонос и сè добро измешајте.
  3. Во длабок сад направете сос од јајца, масло, млеко и јогурт.
  4. Раширете ги трите кори од штрудлата на работната маса и премачкајте со сосот со јајца. Оставете дел од сосот да ги премачкате готовите штрудли.
  5. Покријте ги премачканите кори со останатите кори, кои ги премачкувате со фил од тиквички и ги преклопувате на три набори.
  6. Наредете ги штрудлите во подмачкана тава, премачкајте со остатокот од сосот и посипете ги со ким. Печете во рерна загреана на 180 ° C околу 40 минути.
escort - Korsan taksi