ЗА ВЕЛИГДЕН ЗАСЛАДЕТЕ СЕ СО ВКУСНО ЧОКОЛАДНО БЛАГО: Чоколаден колач од само 5 состојки кој е готов за 20 МИНУТИ (РЕЦЕПТ)

1 мај, 2021
2219931_stockphotochocolatecheesecakewithhazelnuts429785584_ls

ПОТРЕБЕНИ ВИ СЕ САМО 5 СОСТОЈКИ И 20 МИНУТИ:

За велигденската трпеза, добро е да се заслади со вкусна и кремаста чоколадна торта.

 Состојки:

350 гр чоколадни колачиња

370 мл млеко

2 ¼ лажички прашок за пециво

За прелив:

120 гр чоколадо (млечно или темно)

1/3 чаша полномасно млеко

Подготовка

Измелете ги чоколадните колачиња додека не добиете мали трошки. Истурете ги чоколадните трошки во поголем сад, а потоа додадете малку прашок за пециво и убаво соединете, па додадете го млекото. Повторно промешајте, па матете со миксер додека не добиете мазно тесто. Ставете го тестото во сад (20x20cm) обложен со хартија за печење. Распоредете рамномерно. Печете на 180°C околу 20 минути, а потоа оставете да се олади.

Колачот можете да го премачкате со крем од лешник или да направите ганаш со топење на чоколадото со врело млеко и мешање додека не стане хомогено. Истурете го ганашот одозгора и распоредете го рамномерно, а потоа оставете го да се стегне пред сечењето.

escort - Korsan taksi