Заборавете на печење колачи во рерна! Одлучете се за брзи плазма топчиња за совршен летен десерт!

1 јули, 2021
eea970949650ac75d633bfba2cd1c874d7e9de91

За време на жешките летни денови, она што воопшто не ни треба е долготрајна и макотрпна подготовка на јадења, а особено на слатки. Не треба ни да зборуваме за користење рерна за тие цели. Наместо тоа, одлучете се за брзи плазма топчиња кои се подготвуваат во неколку чекори.

Потребни состојки:

300 грама мелена плазма
150 грама путер
2-3 лажици млеко
50 грама шеќер во прав
чоколадо за готвење
украси по ваш избор

Подготовка на плазма топчиња:

Се топи путерот, се додаваат бисквитите, шеќерот во прав и млекото. Комбинирајте сè добро, доколку е потребно со миксер и формирајте топчиња или ставете калапи по желба.

Растопете го чоколадото и можете да ги натопите целосно или само да декорирате со ќеса за декорации. Нека се излади и уживајте!