Зимска супа од леќа според рецептот на Рис Витерспун: Богата со минерали и растителни влакна, и дава чувство на ситост! (РЕЦЕПТ, ВИДЕО)

7 февруари, 2021
241267_riz_ls

Холивудската актерка Рис Витерспун (44), која се прослави со улогата во филмот „Legal Blonde“, се грижи за својот изглед и изгледа одлично во својата петта деценија.

Оскаровката е вешта во кујната и се храни здраво, а сега на Инстаграм сподели рецепт за супа од леќа во зима.

Леќата е мешунка богатасо хранливи материи, која содржи растителни влакна и јаглехидрати кои даваат долготрајно чувство на ситост. Богата е со минерали и витамини.

Не содржи холестерол, има многу малку маснотии и многу растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во регулирање на шеќерот во крвта, го намалуваат холестеролот, а исто така е добра за варење.

На видеото, Рис го објасни целиот процес на подготовка:

Состојки:

Неколку помали моркови
сецкан црвен кромид
малку лук
зелена леќа
целер
супа од зеленчук
пире од домати
малку мелен црвен пипер
зачини по желба (ким, коријандер)

Подготовка:

Исецкајте го морковот, кромидот, лукот и целерот и оставете ги да омекнат.
Исплакнете ја зелената леќа добро и ставете ја во тенџере.
Потоа, додадете малку супа, пасирани домати, црвени пиперки и зачини по желба. Тестирајте дали е варена, а потоа тргнете ја од оган.
Ако сакате сушени месни производи, можете да додадете малку колбаси како актерката.