Зошто да не си направите свој протеински пудинг дома? Имаме рецепт!

3 мај, 2021
img-20210422-194429-159

Протеински пудинзи се еден од омилените десерти на оние кои се обидуваат да не претеруваат со слатки или да јадат празни калории. Тие се полни со протеини, имаат малку шеќер, но можат да бидат навистина добар поздрав десерт.

Што ни е потребно? (за две порции)

сладок компир од околу 250-300 гр

20 гр какао

60 гр чоколаден протеин

1 лажичка екстракт од ванила

30 гр сируп од агава (може да биде и мед)

Како се подготвува?

Сварете излупен сладок компир исечен на помали парчиња во вода и исцедете го. Оставете го да се олади, а потоа изблендирајте го во блендер или мултипрактик. Додадете ги сите други состојки и блендирајте додека смесата не се соедини. Истурете го пудингот во чаши или чинии и послужете со додатоци по желба.

escort - Korsan taksi