Еве што значат соновите!
Ако сонувате дека симпатијата ве одби
Тоа претставува ваш страв и вознемиреност. Се сомневате дека заслужувате да бидете со таа личност и немате доволно самодоверба за да проверите дали е тоа вистина.
Ако сонувате дека некој ви се допаѓа
Овој сон очигледно зборува за вашата внатрешна надеж и желба да бидете со таа личност. Можеби, поради некоја причина, не можете да признаете сами дека ја сакате таа личност, па затоа излегува на виделина само во вашите соништа. Од друга страна, ако во реалноста сте целосно сигурни дека не негувате емоции кон таа личност, запрашајте се – што ви претставува таа? Можеби сте сонувале дека сте заљубени во вашиот колега, кој е вреден и амбициозен работник. Ова може да значи дека им се восхитувате на неговите квалитети и сакате сами да напредувате на тоа поле.
Ако сонувате дека сте заљубени во странец
Тоа претставува возбуда околу новите неочекувани ситуации, честопати неповрзани со љубовта. Тоа може да биде промена на работното место или патување кое едвај чекате да го продолжите.