Иако е во големи проблеми поради пропаста на неговата банка, Трифун Костовски (и некогашен скопски градоначелник) никогаш не се откажал од своите малкумина искрени пријатели за кои наоѓа време и во ова, за него, тешко невреме.
Па, така, тој јавно вели дека секогаш ѝ се восхитувал на пријателката, поп-пејачката Калиопи која во него исто така има голем другар. Тоа е тоа заемно нивно старо пријателство, нераскинливо.
-Истрајна, емотивна, со своите специфични и високопрофесионални изведби на нејзините песни, ме воздигна мене, ве воздигна вас, ја воздигна Македонија, вели Трифун за својата пријателка. Па духовито на свој начин додава дека “нашата Калиопи по хороскоп е јарец, а ние јарците сме посебен ков на луѓе. Затоа да живеат јарците. Ама секако и со останатите хороскопски знаци!
Трифун не застана тука, па се надоврза уште поемотивно за Калиопи:
-Секој збор искажан за Тебе мила е малку! Ти си не само хумана жена!!! Ти си људина! Браво! Горд сум на Тебе и што ми ја даде можноста да го слушнам најуникатниот глас на нашава планета. Плениш бре, плениш до бол!
На ова Опи срдечно му одговори на другарот Трифке: “Пријателу мој, убава душо… Ти благодарам што си човек, кој умее да слуша и разбира. Таквите се вечни…“ Остана само уште да си ја испеат заеднички онаа убавата сакана далматинска песна: “Пријатељи стари гдје сте, ко зна гдје су дани ти, кад смо дјеца били ми…“, а ние да уживаме слушајќи ги!
Преземено од vecer.press