Ако мразите да пеглате, ова е вистинската работа за вас: Направете ја оваа мешавина од само 3 состојки и гледајте како се исправува облеката! (ВИДЕО)

15 март, 2021
1402107_profimedia0264424035_ls

Ако припаѓате на групата луѓе кои апсолутно не сакаат пеглање, рецептот и видеото подолу ќе ве воодушеват. За оние кои сакаат пеглање, за нив ќе биде интересно да видат како можете да „пеглате“ без пегла. Самата помисла дека стутканото парче облека може брзо да се поправи е прилично фасцинантна.

Корисник на ТикТок сподели одличен трик со кој ја исправи стутканата облека, без да користи пегла и табла. За ова ѝ беа потребни само три состојки.

pre, posle, peglanje

Состојките се многу едноставни и сите ги имаме дома. Потребни ви се две чаши вода, една лажица алкохолен оцет заради ефектот на омекнување и регенератор за коса. Потребно ви е шише со спреј каде што ќе ги ставите сите состојки и ќе го протресете. Попрскајте ја гардеробата, исправете и почекајте пет минути да се исуши.

pre, posle, peglanje

Таа покажа како изгледа стуткана кошула пред да го употреби спрејот, а потоа го нанесе спрејот, со рацете малку го исправи парчето облека, а потоа го зеде и покажа како изгледа по оваа постапка. На овој начин, таа доби целосно исправена кошула за само неколку минути.

Бидете сигурни дека е безбедно и прво тестирајте на мало парче облека или крпа.