Ако пиете 8 чаши вода, правите голема грешка! Нутриционист објаснува: Правилото не важи ако сакате да ослабете

11 март, 2021
дфдфгдфг

Зголемениот внес на течности, поточно вода, е едно од главните правила доколку сакате да изгубите тежина. Но, која е оптималната количина?

За да изгубите тежина, потребно е да бидете доследни на неколку клучни правила – да јадете здраво, да вежбате, да спиете 6-8 часа ноќе и да пиете многу вода. Не само што ќе го намалите внесот на калории со пиење вода наместо пијалоци со шеќер, туку и водата е неопходна за подобра функција на мозокот, правилна функција на органите и закрепнување на телото по физичка активност. Исто така, помага да се забрза метаболизмот и да се исфрлат токсините од телото.

Колку вода е потребно за да се завршат сите овие „задачи“? Вообичаената препорака е осум чаши од 2,5 дл дневно. Сепак, ова правило не важи за секого. На некои луѓе им треба повеќе, а на некои помалку, вели нутриционистот Џим Вајт.

Ако имате просечна тежина

Иако секој има различни потреби, Вајт вели дека придржувањето кон често препорачаната количина од осум чаши од 2,5 дл (2л) треба да биде доволно и може да му помогне на лицето кое има само неколку килограми да изгуби од тежина. Иако оваа количина не звучи претерано, една студија оспорена од CDC покажа дека 43 проценти од возрасните пијат помалку од четири чаши вода на ден, а 7 проценти изјавиле дека воопшто не пијат вода!

Општо, чувството на жед треба да биде показател, вели Вајт. Но, ако сте сè уште жедни иако сте испиле препорачани осум чаши, не заборавајте да внесете повеќе. Ако се чувствувате тешки и надуени од таа количина, намалете ја во секој случај. Вишокот во оваа течност може да доведе до хипонатремија, позната и како интоксикација со вода, каде што нивото на натриум во телото е прекумерно разредено и може да доведе до оток во мозокот, напади и кома.

Ако вежбате многу

Луѓето кои активно тренираат треба да консумираат повеќе од осум чаши вода на ден. По многу потење, потребно е да се надополни течноста во телото и правилно да се хидрира телото.

„Американскиот колеџ за спортска медицина препорачува да пиете дополнителни 5 дл вода пред вежбање и да пиете 1-2,5 дл за време на вежбање и уште 5 дл после тренинг“, објаснува Вајт и препорачува да се мерите пред и после тренинг. На секој изгубен половина килограм после вежбање, треба да пиете дополнителни 5 дл.

Ако имате прекумерна тежина

Потребите за вода за луѓе со прекумерна тежина или кои се сериозно дебели се различни. Вајт верува дека е потребно да се пие повеќе од препорачаната доза со цел да се хидрира телото и да се промовира губење на тежината. Едноставна математичка пресметка би било да пиете 3 dl вода за секој килограм. Значи, ако имате 80 килограми, пожелно е да внесете околу 2,4 литри вода на ден.

Студија објавена во „Анали на семејната медицина“ покажа дека луѓето со поголем индекс на телесна маса (БМИ) се најмалку хидрирани. Истражувачите од Вирџинија Тех откриле дека возрасните со прекумерна тежина кои испиле 4,7 дл вода половина час пред оброкот изгубиле 1,5 килограм повеќе од оние кои не пиеле.